петок, 31 октомври 2008

"Виножито" во грчките медиуми

Во прозорецот подолу проследете го интервјуто на претседателот на Виножито за грчката телевизија "Seven".
Особено е интересно што водителот, со цел да не ги повреди чувствата на Грците, ги моли гледачите кои сметаат дека не треба да го гледаат интервјуто, да не го прават тоа.
Јас ве повикувам да го погледнето интервјуто во целост.


video

Еве уште:
http://www.youtube.com/watch?v=M1xfja-MiQk&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=G9hc4Go7s24&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=QELOEyuPe_g&feature=related

четврток, 30 октомври 2008

Берберница "Сојуз на студенти"

Стрижење студенти за 200 денари.
Секоја година, од 45та наваму.

И пак, по секоја цена, се прави се да се контролираат 40,000 студенти, да се врши диктат од страна на неуставна организација, т.н. Студентски парламент на УКИМ (СПУКМ).

Не, тоа не е нова форма на плуралистичко организирање на студентите, тоа е истиот, стариот, никаквиот Сојуз на студенти, само лажно преименуван во СПУКМ.

Деновиве на facebook и на "За што плаќаш" здружени студенти и нивни поддржувачи агресивно ја критикуваат давачката од 200 денари (членарина за Сојуз), која секој студент на УКИМ мора да ја плати доколку сака да запише наредна година.

Темата е активна неколку години наназад, а кулминираше во 2007ма година, кога 11,000 студенти се потпишаа на петицијата во организација на МОФ и побараа плурализирање на студентскиот систем на организирање и воведување Студентски парламент (не Сојуз од 45та... Парламент, вистински, со различни групи, интереси, идеи и мислења... со гласање и надгласување...)

Аргументацијата и креативните решенија ги имате на
http://za-sto-plakas.blogspot.com и на
http://www.facebook.com/group.php?gid=32994493459.

среда, 29 октомври 2008

Експериментот на ЦЕРН не е веќе славен

Се сеќавате на онаа глобална хистерија од пред еден месец? Онаа кога светот се потресе околу почетокот на историскиот експеримент во нуклеарниот истражувачки центар во Женева. Тогаш, на 10ти септември, само се изврши проба со пуштање на еден единствен протон низ цевката. Медимуите отидоа до прогнозирање крај на светот, вечна црна дупка, сериозни оштетувања на планетата Земја...

Експериментот отиде многу подалеку, со емитување на уште повеќе зраци од протони, со уште покомплицирани активности. Во јавноста штама. Одеднаш историскиот експеримент сите го заборавија.


Еве кратки информации околу LHC експериментот кои следеа после медиумскиот шок:
- LHC експериментот напредува (18ти септември)
- Инцидент во блок 3-4 (20ти септември)
- Започна анлизата на милиони гигабајти информации (3ти октомври)
- LHC и официјално е пуштен во употреба (се до 21ви октомври беше проба)

И за крај на почетокот на експериментот, инаугурацијата вклучи и промоција на одличен видео концерт кој го раскажува развојот на овој наш свет на одличен начин. Уживајте во третиот дел, а погледнете ги и првиот и вториот.

недела, 19 октомври 2008

Debatepedia

Верувам дека често сте дошле во ситуација да ви се потребни за и против аргументи по однос на одредена тема. Да речеме дека ве интересира околу што се спори најмногу кога ќе се спомне темата "Проституцијата треба да се легализира", зошто граѓанската непослушност е оправдана или неоправдана, или пак кои се аргументите за и против МекКејн и Обама.

Debatepedia е алатка која ни овозможува истражување на аргументи. Функционира како и Wikipedia, но е специјализирана за обработка и презентација на амирмативни и негативни дебатни случаи по однос на различни теми. Мисијата на Debatepedia е следна:
Debatepedia is a wiki encyclopedia of debates, arguments, and supporting quotations. Its mission is to become "the Wikipedia of debates". It is a place where we can all work together as editors, via the same wiki technology driving Wikipedia, to frame the arguments in public debates that we all need to think through.
Debatepedia е отворена за сите корисници и им овозможува да објавуваат сопствени разработени аргументи на постоечки теми, или пак, да креираат нови теми и со тоа да овозможат останатите да аргументираат.
Debatepedia е проект на Меѓународната едукативна дебатна асоцијација [IDEA].

Еве дел од дебатите Obama Vs. McCain.

среда, 15 октомври 2008

Чуда се потребни за Републиканците, а ние се залетавме

После подолго време на криза со менаџирање на време и недостаток на блог-иницијатива се појави жарче кое по втор пат ми дава полет во пишувањето.

Жарчето е лично Зоран Заев, а размислувањата за оваа тема се од поодамна, односно од времето кога стана јасно дека Републиканците од САД силно не поддржуваат во нашето докажување пред Грците и светот.

Така понесени од поддршката и од тапкањата по рамо што Груевски и Црвенковски ги добија во Букурешт и Загреб од Буш, речиси без размислување и бланко се изјаснуваме дека ние сме, нели, за Републиканците и дека Обама е само црн Демократ кој ќе изгуби како Грчка што губеше порано. Не иронизирам! Напротив и јас го имав ова мислење, но последно време се каам за некои мои јавно изнесени ставови, особено пред луѓе што не се од Македонија.

Свесни ли сме што правиме со јавната поддршка на Републиканците? Свесни ли сме дека на сите можни нивоа навиваме за нив? Граѓаните се за нив (особено Македонците), Владата индиректно им дава огромно значење (Груевски беше лично на нивната конвенција, а Милошоски го прати кај Демократите), а од пред 2 дена и опозицијата, на чело со Заев, јавно се изјасни дека иако нема став по ова прашање и иако се левичари, сепак кога би имал прилика би гласал за Републиканците.

Да речеме дека е логично кога не поддржуваат и ние нив да ги подржиме. Но, тука има една суштинска разлика. Тие се Републиканци од САД и се трудат да владеат со светот, а ние Македонци од Балканот кои се трудат пред светот да го докажат сопствениот идентитет. Тие имаат можност да влијаат врз светската политика, а ние не можеме ни да влијаеме при изборот на новиот претседател на САД.

Ние можеме само да се надеваме дека нема да победат Демократите или дека по евентуалната нивна победа нема да не истепаат по газето и да ги охрабрат нивните миленици - Грците. Па можно ли е после Ирак, после серијата шамари што Буш ги попи околу проширувањето на НАТО и, се разбира, после актуелнава економска криза, да победат Републиканците? Со кој ум се залетуваме? Имаме ли стратегија доколку победат Демократите?

И на крај да се вратам на насловот. Чуда се потребни за да победат Републикаците. Нас ни останува само да веруваме дека чудото ќе се случи, зошто после сериозните излети на јавни поддршки само тоа може да ни биде искра надеж дека и понатаму ќе имаме слична поддршка за името.
Велам слична, бидејќи можеме само да сонуваме за повторно тапкање по рамо како она бушовото. Приказни за мали деца се оние дека политиката на САД немало да се промени после промената на власта. Политиката веќе се менува и кај самите Републиканци (Даниел Фрид ни порача дека последниот предог на Нимиц бил Ок - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=98783), а камо ли кај Демократите за кои јавно се изнесуваме дека не ги сакаме баш.