понеделник, 24 ноември 2008

Големата географска слика

Ова 23-месечно девојче(Лили)целосно ја има во глава големата географска слика.
Што ли ќе знае кога ќе има 23 години?

сабота, 22 ноември 2008

Better PR

Кратко, едноставно и јасно:)

петок, 21 ноември 2008

Повторно е активен ADlog на komunikacii.net

Станува збор за реактивирање на подсекцијата на komunikacii.net посветена на презентирање локални и регионални адвертајзинг и ПР активности, а со цел развивање на локалната креативност.
На покана на Дарко, со задоволство ќе се вклучам во полнење со содржини на ADlog. Посетете го и споделете ги рекламите за кои сметате дека заслужуваат да се најдат таму.
http://komunikacii.net/adlog

понеделник, 17 ноември 2008

Buy Nothing Day

Можеби 29ти ноември за некогo буди носталгија, емоции и ЕксЈУ-изам, но тука, овој датум го промовирам за друг повод, а благодарение на Бранка.

Buy Nothing Day - е најголемиот 24 часовен мораториум против конзумеризмот. Низ целиот свет луѓето ќе направат пакт со кој ќе земат еднодневна пауза од шопингот како личен експеримент или пак како јавен став. Најдоброто нешто во врска со целата работа е фактот што е бесплатно.
За повеќе информации - тука.

сабота, 15 ноември 2008

Европските комуникации масовно се селат на интернет

Трендот на професионално комуницирање кое се повеќе се развива во Европа иницира чести истражувања во областа комуникации со цел да се осознаат моменталните, но и да се предвидат следните стратегии и канали при организациското и корпоративното комуницирање.
Деновиве се креираше извештајот од најновото комуникациско истражување на европско ниво [European Communication Monitor 2008. Trends in Communication Management and Public Relations - Results and Implications], спроведено од Euprera/University of Leipzig.
Во истражувањето, своето мислење го дадоа 1500 ПР професионалци од 37 држави во Европа, меѓу кои и Македонија.

Истражувањето ќе биде објавено на 27ми ноември 2008 година, на следнава веб страна:
http://www.communicationmonitor.eu/

До тогаш, можете да погледнете еден график од него, кој јасно отсликува во која насока ќе се развиваат комуникациските канали на европско ниво. Графикот покажува дека во 2011 година употребата на печатените медиуми ќе падне за 24,5%, а оналјн медиумите и социјалните алатки ќе бидат поупотребувани за 26.2%.

петок, 7 ноември 2008

Владини тестимониали

На ТВ се појавија владини тестимониали.
Тоа се оние спотови на кои се појавуваат разни дечки, чичковци и баби и зборуваат за активностите на Владата на Република Македонија. Еден ја фали за спортските сали, друг за тоа што бизнисот му процветал, а трет зошто пензијата му се покачила. Дури и Борис Трајанов ја испофали Владата, јасно потенцирајќи ја неговата улога во акцијата "Ден на дрвото".
И се тоа убаво објаснето во ТВ материјал, во повеќе спотови. На крај, стои потпис "24/7 посветено... остваруваме".

Сакам да ја нотирам новата алатка за саморекламирање на владата. Да саморекламирање, да на Владата.

Саморекламирање е бидејќи "тестимониал" е класична адвертајзинг алатка која кај нас и тоа како успешно функционира. По дефиниција, "тестимониал" e писмена или вербална изјава на јавна личност, или граѓанин, во која јасно се препорачуваат вредностите на одреден производ или услуга.
На Владата е сигурно, бидејќи на крај на секој спот стои потписот "остваруваме", општо познат потпис/слоган на Владата.

Уште само да констатираме со чии пари се реализира кампањата. Се надевам дека се пари на партиите од власта, зошто би било бизарно да се пари на граѓаните. Самиот Груевски на последното соочување со медиумите посочи дека не трошеле буџетски пари за рекламирање, туку за едуцирање, информирање на граѓаните.
Ова не е ни едуцирање, ни информирање. Ова е класичен адвертајзинг.

Нашата Влада не е ни прозвод, ни услуга, но сепак одлучи да се рекламира себеси како да е највкусното чоколадо, како да е најевтиниот мобилен оператор, како да е најдобриот прашок за перење, како да е пиљара која работи 24/7, како да е последната модна линија на Victoria Secret.

За да стане појасно, еве еден типичен пример на користење тестимониал, кој совршено одговара на дефиницијата за оваа алатка, а богами одговара и на концептот на послените ТВ спотови "24/7 посветено".

вторник, 4 ноември 2008

Оbama/МcCain

Facebook статистики

Што е facebook? Манија, потреба или револуција ?

Оваа интернет друштвена алатка забележува неверојатен подем, а во моментов официјалните статистики велат:

Генерален раст
Повеќе од 120 милиони активни корисници
Facebook е четвртата најфреквентна веб страна во светот (извор: comSCORE)
Facebook е најпосетуваната друштвена веб страна во светот (извор: comSCORE)

User Demographics
  • Over 55,000 regional, work-related, collegiate, and high school networks
  • More than half of Facebook users are outside of college
  • The fastest growing demographic is those 25 years old and older
  • Maintain 85 percent market share of 4-year U.S. universities
International Growth
  • Our Translation Application is first step for us in helping users all over the world connect and share information with those that matter the most to them – wherever they live and in whatever language they choose
  • In a little over five months, we have released the site in more than 20 languages, including Spanish, French, German, Russian and Korean. Our goal is to offer Facebook in as many languages as possible, as quickly as possible.

недела, 2 ноември 2008

Да бидеш на Кеј, а да не можеш да го видиш Вардар

Изминативе недели се вршат раскопувања на Кеј, во делот меѓу плоштадот, стоковната куќа и коритото на Вардар. Се гради деловен центар на парцела од 1,100 м2. Онаа парцела што во 2004-та, тогашниот министер за транспорт и врски, Агрон Буџаку, ја продаде за 25 евра од квадрат. Денес, сопственикот е непознат.

Тој дел од плоштадот е раскопан и веќе ограден поради градежните активности. Но, оградена е и цела патека по кејот, се до мостот кај Холидеј Ин. Патеката ќе ја користеле возилата на градежната фирма која го изведува објектот.

Еве како изгледа осакатената локација:
Се движите од плоштад кон Кеј. Одеднаш пред вас се појавуваат прегради кои го означуваат градилиштето. Доколку сакате да се движите кон кафичите, морате да се качите по ризичните монтажни скали и да преминете на патеката.



Тука јасно се гледа дека веќе нема да биде можно да шетате покрај кафичите на Кеј, а да го гледате Вардар. Делот (лево) каде се движат велосипедите ќе биде целосно отстапен на возилата на градежната фирма.






Значи, повторно по расклатените скали, внимателно, правец покрај кафичите, во делот каде погледот кон Вардар е заменет со поглед кон прегради од лим.






Нека ни е честита изградбата на новата 29-метарска зграда на Плоштад.

Линкови за дополнително инфо:
- http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=63ECD80AC021C742A73E770920E8CF5A
- http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=2BF50CA664F80441B904298414A6A1D9&arc=1