среда, 15 октомври 2008

Чуда се потребни за Републиканците, а ние се залетавме

После подолго време на криза со менаџирање на време и недостаток на блог-иницијатива се појави жарче кое по втор пат ми дава полет во пишувањето.

Жарчето е лично Зоран Заев, а размислувањата за оваа тема се од поодамна, односно од времето кога стана јасно дека Републиканците од САД силно не поддржуваат во нашето докажување пред Грците и светот.

Така понесени од поддршката и од тапкањата по рамо што Груевски и Црвенковски ги добија во Букурешт и Загреб од Буш, речиси без размислување и бланко се изјаснуваме дека ние сме, нели, за Републиканците и дека Обама е само црн Демократ кој ќе изгуби како Грчка што губеше порано. Не иронизирам! Напротив и јас го имав ова мислење, но последно време се каам за некои мои јавно изнесени ставови, особено пред луѓе што не се од Македонија.

Свесни ли сме што правиме со јавната поддршка на Републиканците? Свесни ли сме дека на сите можни нивоа навиваме за нив? Граѓаните се за нив (особено Македонците), Владата индиректно им дава огромно значење (Груевски беше лично на нивната конвенција, а Милошоски го прати кај Демократите), а од пред 2 дена и опозицијата, на чело со Заев, јавно се изјасни дека иако нема став по ова прашање и иако се левичари, сепак кога би имал прилика би гласал за Републиканците.

Да речеме дека е логично кога не поддржуваат и ние нив да ги подржиме. Но, тука има една суштинска разлика. Тие се Републиканци од САД и се трудат да владеат со светот, а ние Македонци од Балканот кои се трудат пред светот да го докажат сопствениот идентитет. Тие имаат можност да влијаат врз светската политика, а ние не можеме ни да влијаеме при изборот на новиот претседател на САД.

Ние можеме само да се надеваме дека нема да победат Демократите или дека по евентуалната нивна победа нема да не истепаат по газето и да ги охрабрат нивните миленици - Грците. Па можно ли е после Ирак, после серијата шамари што Буш ги попи околу проширувањето на НАТО и, се разбира, после актуелнава економска криза, да победат Републиканците? Со кој ум се залетуваме? Имаме ли стратегија доколку победат Демократите?

И на крај да се вратам на насловот. Чуда се потребни за да победат Републикаците. Нас ни останува само да веруваме дека чудото ќе се случи, зошто после сериозните излети на јавни поддршки само тоа може да ни биде искра надеж дека и понатаму ќе имаме слична поддршка за името.
Велам слична, бидејќи можеме само да сонуваме за повторно тапкање по рамо како она бушовото. Приказни за мали деца се оние дека политиката на САД немало да се промени после промената на власта. Политиката веќе се менува и кај самите Републиканци (Даниел Фрид ни порача дека последниот предог на Нимиц бил Ок - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=98783), а камо ли кај Демократите за кои јавно се изнесуваме дека не ги сакаме баш.

1 коментар:

Mogly рече...

Браво за коментаров!
Башка... се надевам сега жарчето стварно се разгоре, па ќе почнеш почесто да пишуваш :)