вторник, 09 декември 2008

Грчката младина против системот

Прелеана чаша, бес, лутина, отпор, насилство, толпа, ескалација... Ова се случува во Атина како резултат на бруталноста на грчката полиција при која беше убиен еден млад човек.
Но, прашањето е од каде е вистинскиот револт. Ценејќи според однесувањето на младите кои секојдневно се поагресивни на улица, изгледа како да се револтирани од се што им се наметнува како авторитет, од се што е репрезент на нивните предци, а го сметаат за погрешно.

Ситуацијата е излезена од контрола, не постои централна организација на протестите, идеолошката матрица се шири на интернет и не постојат барања за сметка на чие исполнување протестите би запреле. Впрочем нема ни со кого да се преговара, ни за што да се преговара.
Ова е, едноставно, излив на бес против веројатно погрешно поставениот грчки систем.
Можно ли е токму младите од Грција да се спротистават и на грчката политичка агресија врз Македонија?

1 коментар:

Shepard рече...

грчката агресија према македонија е само манифестација на моќ. сигурен сум ако соодносот на моќ беше обратен, македонија ќе беше агресор према грција.

младите у грција се против било која манифестација на моќ. затоа насилство, го рушат монополот на насилство, кој што е главна одлика на институционализираната моќ на државата.

иначе ако македонското малцинство е бар малце освестено социјално, одма треба да се вклучи во протестите