четврток, 4 декември 2008

Здраво црнаовца.мк

Деновиве, особено актуелен е новиот мрежен RSS feed кој здружува неколку блогови на истакнати креатори на е-содржини од Македонија, а се вика Црна овца.
Имено, неколку активни блогери одлучија да ги здружат своите постови и да креираат нова македонска блог платформа, различна од blog.com.mk и blogspot.com.

Иако идејата и нејзината реализација се вредни сами по себе, особено поради тоа што се темел за развојот на блогерајството кај нас, сепак овие ентузијасти се соочија со сериозни критики и претенциозни квалификации дека се изолатори.

Наместо да се почитува трудот кој се вложил во развивање на платформата и да се прават напори за развивање и поддршка на истата, извесни емиционални дечки и девојки од blog.com.mk сe трудат по секоја цена да прикажат дека сите оние кои имаа свој блог домејн на crnaovca.mk во суштина се предавници и тенденциозни самоизолатори.

Не луѓе, да се биде блогер и да се занимава со блогерајство значи да се креира сопствена содржина и да се овозможува на останатите да ја надополнуваат вашата содржина на интернет. Се што е против развојот на нови платформи и креирање монопол врз постоечките може да се третира како анти-блогерајство и не-почитување на слободата на здружување и слободата на изразување.

Оние кои нема да ја разберат поентата на проблемов, силно ги повикувам да ги посетат блог-авторите на црнаовца.мк и да оценат дали реализираат нешто погрешно:
http://ztvk.crnaovca.mk/
http://bugariska.crnaovca.mk/
http://kvadraturanakrugot.crnaovca.mk/
http://sead93.crnaovca.mk/
http://femgerila.crnaovca.mk/

За крај,
срамно е blog.com.mk да бара свој монопол во блогосферата во Македонија. Во исто време, Blogger не го прави тоа, а особено е развиен кај нас... еве и јас користам Blogger па не ми смета црнаовца.мк.

1 коментар:

Анонимен рече...

Фала за подршката, но имам една мала корекција, која можеби ги доведе во некоја мера до забуна и другите.

Значи станува збор за неколку блогови па после е направен агрегаторот како дополнителна промоција :)

Во центрот е секој блог засебно, независно. ЦрнаОвца.мк не блог платформа туку блог мрежа, и технички и концепциски