вторник, 02 декември 2008

Слободна студентска мисла

Како поддржувач и борец за идејата за слободно размислување и изразување, како и за сонот за неконвенционална, силна и активна младина во Република Македонија не можам да не поддржам и да не известам за еден настан кој е еден од ретките обиди за спротиставување на конуњарското клише наречено "Ораторска вечер на Правен факултет", како и обид за понуда на нов концепт. Концепт отворен по својата суштина и отворен за сите заинтересирани.

Имено, група студенти од Правниот факултет ме известија за нивниот настан и ме замолија да помогнам во промоцијата на нивната вредна активност, па со здоволство прифатив. Не заради тоа што лично ги познавам и верувам во нивните организациски капацитети, туку поради тоа што одлучиле, за прв пат во Република Македонија, да создадат простор и време за слободни студентски говори, говори без цензура, говори во кои секој може да учествува без разлика од кој факултет доаѓа.

Дечките најпрво се обиделе да земат учество на традиционалната Ораторска вечер на Правен факултет, но биле оневозможени од следниве причини:
- Биле одбиени да учествуваат од професорското жири со образложение дека немаат искуство во говорништвото, иако повеќето од нив се неколкукратни победници на национални и меѓународни дебатни турнир. Замислете, дебатери без говорничко искуство?!
- Ораторската вечер се збогатила со ново руво, руво кое носи нови правила за нов концепт. За нив [професорското жири] тоа бил нов концепт, иако одговара на едно време кога луѓе гинеле по затвори само заради тоа што размислувале различно од естаблишментот на Комунистичката партија. Имено, концептот подразбира однапред подготовени ораторски говори на точно определени теми, говори кои мора да се прегледани и одобрени од жирито. Тоа не е се. Концептот на оваа диктаторска вечер подразбира и дебата на која професорите ќе им поделеле материјали на квази-дебатерите и од напред ќе се знаело кој што ќе зборува. Немале време, па морале да ја "наместат" дебатата.

Нејсе, не би трошел повеќе време на објаснување на вакви шминкерски концепти каде основната придобивка ќе биде стекнувањето актерски способности на говорниците кои ќе се појават таму. Ги жалам тие студенти кои се сложиле да говорат и да презентираат аргументи кои некој друг ќе им ги креира или одобри.

Цела среќа што дечкиве кои се револтирале од оваа комуњара решиле да направат нешто алтернативно, нешто што ќе понуди спротивни, но вистински вредности за развој на слободната студентска мисла.

На 11ти декември 2008, во 19:00 часот, во библиотеката Браќа Миладиновци, ќе се случат студентски говори, за кои не знаеме какви аргументи ќе понудат и на која тема ќе се осврнат, но сигурни сме дека:
- ќе бидат креирани и презентирани од левичари, десничари, христијан-демократи, либерали, обоени, независни и други категории на студенти.
- ќе критикуваат или поддржуваат идеи, ставови, влади, опозиции, системи, концепти.
- ќе бидат слободни, нема да бидат подложни на цензура и нема да бидат органичени во никаква смисла, дури ни во смисла на времетраење.
- можноста за говор ќе ја имаат сите студенти од сите факултети во Република Македонија

Концептот Слободна студентска мисла го доби својот простор и во блогосферата, па доколку сте мотивирани за негова поддршка или критика упатете се до него.

А доколку сте студент од било кој факултет, вашите аргументи организирајте ги во говор и пријавете се на овој настан. Верувајте нема да ве одбијат: studentskigovori@gmail.com

Честитам за идејата и се гледаме на 11ти, за да ја искусиме слободата, без разлика дали до сега сме ја уживале или не.

4 коментари:

Jane рече...

oDobro utro velika komito,

Ova za studentive i nivnive misli baagi si go izmesal so KOMUNJARENJEVO a?
Da ne se druzis so komitive mnogu posledno vreme a so velis?
Neznam kako ja razlikuvas samo, komunjarskava sloboda na mislata od denesnava.

Pozdrav drugarco!

Големата слика рече...

Dobro si razbral drugaru Jane, samo nepravilno argumentiras...
Imeno, komunjarskata sloboda na misla nikogas ne postoela kako takva, a ona sto im se slucuva na mladive denes [inicirano od nekoi rakovodstva] moze da se poistoveti so togasnata cenzura.
Poentata e deka iako tolku mnogu se kritikuvase stariot sistem,negovite "blagodeti" seuste se nametnuvaat osobeno vrz mladite.
Me razbra sega ?

Aleksandar Balalovski рече...

Како човек кој ја цени слободата на изразувањето (како што сам наведе) мислам дека треба да исклучиш етикетирање од типот „комуњарско клише“ и други фрази кои даваат впечаток дека не заслужуваш ни на Дупенски ораторски вечери да одиш.

поздрав и ќе ја разгледам иницијативата, ми се допаѓа како идеја.

Големата слика рече...

На дупенски сигурно нема да одам... може да одам само на долненски гајдарски вечери...тоа е уметност.
Што се однесува до "комуњарското клише"... Жал ми е, нема да ја повлечам аргументацијата. Факт е дека тоа е време кое симболизира цензура и контрола на мислата и не можам да поднесам во денешно време истото да се спроведува. а се спроведува и тоа како...
Социјал-демократите нека не се вреѓаат туку нека покажат иницијатива за развој на отвореното општество во денешно време. Не сум забележал дека се сериозно се спротиставиле на органучувањето на младинската слободна мисла.