петок, 7 ноември 2008

Владини тестимониали

На ТВ се појавија владини тестимониали.
Тоа се оние спотови на кои се појавуваат разни дечки, чичковци и баби и зборуваат за активностите на Владата на Република Македонија. Еден ја фали за спортските сали, друг за тоа што бизнисот му процветал, а трет зошто пензијата му се покачила. Дури и Борис Трајанов ја испофали Владата, јасно потенцирајќи ја неговата улога во акцијата "Ден на дрвото".
И се тоа убаво објаснето во ТВ материјал, во повеќе спотови. На крај, стои потпис "24/7 посветено... остваруваме".

Сакам да ја нотирам новата алатка за саморекламирање на владата. Да саморекламирање, да на Владата.

Саморекламирање е бидејќи "тестимониал" е класична адвертајзинг алатка која кај нас и тоа како успешно функционира. По дефиниција, "тестимониал" e писмена или вербална изјава на јавна личност, или граѓанин, во која јасно се препорачуваат вредностите на одреден производ или услуга.
На Владата е сигурно, бидејќи на крај на секој спот стои потписот "остваруваме", општо познат потпис/слоган на Владата.

Уште само да констатираме со чии пари се реализира кампањата. Се надевам дека се пари на партиите од власта, зошто би било бизарно да се пари на граѓаните. Самиот Груевски на последното соочување со медиумите посочи дека не трошеле буџетски пари за рекламирање, туку за едуцирање, информирање на граѓаните.
Ова не е ни едуцирање, ни информирање. Ова е класичен адвертајзинг.

Нашата Влада не е ни прозвод, ни услуга, но сепак одлучи да се рекламира себеси како да е највкусното чоколадо, како да е најевтиниот мобилен оператор, како да е најдобриот прашок за перење, како да е пиљара која работи 24/7, како да е последната модна линија на Victoria Secret.

За да стане појасно, еве еден типичен пример на користење тестимониал, кој совршено одговара на дефиницијата за оваа алатка, а богами одговара и на концептот на послените ТВ спотови "24/7 посветено".

5 коментари:

Анонимен рече...

definitivno, cela nacija kako da ima kolektivna lobotomija!
mediumite se vo poltronska spirala na molkot, amtikorupciska komisija e antologiski primer za korupcija i mito, urednicka na ekonimija (Ida Protuger) od najopozicioniot medium(Alfa) dozvoluva vo prasanje za BROJKI, (kolku cinat kampanjite) da ja izdribla "naivniot" Gruevski so SOCIJALNA POEZIJA za toa kolku celishodni bile kampanjite od "javen interes"!!!
Kolku mnogu diletanti, a tolku mal prostor!

Големата слика рече...

По мала консултација со претставници на власта морам да се корегирам.
Слоганот на серијалот реклами гласи: "24/7 посветено. Преродбата продолжува".
Ова до некаде открива дека станува збор за партиска реклама, ако судиме според тоа дека истиот слоган ВМРО ДПМНЕ го користеше во предизборието.
Но, не верувам дека народот прави дистинкција меѓу "остваруваме" и "преродбата продолжува"...
И како тоа цела влада се најде во студиото на МТВ под истиот слоган? Фатмир Бесими да не преминал во ДПМНЕ?

Анонимен рече...

друже, ова го прават сите компании кои се на некој начин монопол во општеството. Моментално тоа го искористи нашата влада, земајќи ги во предвид сите оние испитувања на јавното мислење. Две муви со еден удар: перење и мозок и пари.

Анонимен рече...

Јас давам еден спрема пет дека владата го финансира ова со државни пари.Прашањето е само колку троши.
Нас не ни требаат реклами,нас ни требаат резултати.
Денес дури и државата е фирма.

Анонимен рече...

барав по ќошињата на екранот да видам неакде бесплатно емитување, и види чудо, не најдов. сепак платното е палтено.

А со чии пари тоа владата плаќа, јас не знам. Може стварно не се моите, може се од парите од мафијата, шо знам. не ме ни интересира. ама она што знам и ме интересира е дека немам намера да живеам во машина за перење