Грчкиот Елефтеротипија објавил мислење на извесен Пандио Ал. Ираклидис, професор по меѓународни односи на државниот универзитет кој тврди дека Грција треба да престане да ја “забива главата во песок“ и да тврди, дека славомакедонците не постојат.
Професоров се одважил да пренесе дел од своето мислење и при тоа се гледа дека внимавал, нарекувајќи не славомакедонци ... http://netpress.com.mk/vest.asp?id=35524&kategorija=1
Се прашувам, има ли слободни умови во Грција? Ако ги има, зошто не се гласни, зошто не соработуваат со слободните македонски умови? Дали можеби слободоумноста во Грција и Македонија е ретка појава, па шансите за среќавање и интеракција се минимални?
На ова ме тера да мислам и еден личен пример кога пред неколку години јас и моите пријатели се обидувавме да најдеме млади дебатери од Грција кои ќе дојдат кај нас и заедно ќе дискутираме за разликите околу нашето име.
Не успеавме, а луѓето кои ги контактиравме ни рекоа дека темата е премногу сензитивна, дека степенот на национализам кај нив е на високо ниво и дека треба да помине време ... Времето помина, ама во меѓувреме национализмот порасна и на двете страни ...
понеделник, 21 јули 2008 г.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
2 коментари:
Voopsto ne me iznenaduva toa sto nema slobodni umovi i debata vo opstestvo sto se deklarira kako etnicki i kulturno homogeno??? za toa se pogrizile svoevremeno so eksplicitna i implicitna indoktrinacija..ako ne ti paga na pamet sto e tocno toa, pogledni ja propagandnata masinerija na Gruevski, koja ne e mnogu suptilna ama e dovolno efikasna..E pa kon toj vakum na intektualnost ili "efekt na spirala na molcenje" kako sto se narekuva od komunikolozite, vodi i "Prerodbata"..
Постов повеќе се однесуваше на слободните умови во Грција. Односно на врската меѓу грчкото општество кое речиси и да нема слободни умови и макдеонското општество во кое недостасуваат слободни умови.
Објави коментар