четврток, 18 декември 2008

Се селам на црнаовца.мк

Кога го креирав блогов најпрво се обидов на македонската платформа blog.com.mk. Како неискусен блогер-во-зародиш не успеав, па не се мислев многу и се упатив кон blogger.com.

Тука функционирав од 17 јули. Среќен сум што креирав блог и сметам дека користа од овој вид на размена на идеи и ставови, критики и самокритики е бесценета.

Денес се селам на црнаовца.мк. Тоа е тазе креиран блог агрегатор кој собира содржини објавени на неколку блогови под истиот домејн. Блоговите на црнаова.мк се хостирани на Wordpress.


Креирањето на оваа мрежа на блогови наиде на остри коментари, особено од корисниците на blog.com.mk. Нив сега нема да ги коментиран, заинтересираните нека кликнат тука.

Се селам на црнаовца.мк бидејќи ценам домашна активност која подразбира развој на македонската блогосфера и ценам квалитетен блогерај, каков што нуди црнаовца.мк.

Овој блог ќе биде заклучен, а сите негови постови се префрлени на http://golemataslika.crnaovca.mk/.

Дизајнот на новиот блог сеуште не е финален, работиме со него заедно со Бела маичка.

Ви благодарам за вашите посети и коментари.

Нема коментари: