среда, 3 септември 2008

Македонската креативност е победничка

Од официјалното соопштение на адвертајзинг агенцијата New Moment:

NEW MOMENT ГИ ПОБЕДИ ГИГАНТИТЕ НА

YOUNG & RUBICAM ОД ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА


Со освоени три златни, две сребрени и три бронзени награди, македонската агенција New Moment е апсолутен победник на фестивалот за адвертајзинг Пиран Идеа, што се одржа од 27 до 29 август, во Словенија.

Освен видео спотот “Калуѓерки” изработен за клиентот Космофон, кој беше прогласен за најдобра ТВ-реклама на фестивалот, во конкуренција на водечките маркетинг агенции од 18 земји од Централна и Источна Европа, New Moment победи и во категориите најдобар принт и најиновативен нов медиум.



Воедно македонската агенција New Moment е прогласена за најуспешна агенција во Централа и Источна Европа, во рамките на маркетиншката мрежа Young & Rubicam, дел најголемата светска комуникац

иска групација WPP.

-Не постојат многу области во животот, каде мала и сиромашна земја како Македонија, може да ги победи гигантите како Русија, Украина, Чешка, Унгарија, Полска..Само во креативните индустрии, малите земји како нашата, имаат шанса за рамноправен натпревар со богатите и големите. Знам дека ова ќе внесе дополнителен оптимизам и самодоверба кај тимот од нашата агенција-изјави Сашо Пешев, директорот на New Moment.

Во Пиран, New Moment ја освои својата педесетта интернационална награда, со што го потврди статусот на маѓународно најнаградувана агенција во Македонија.



2 коментари:

Анонимен рече...

Браво за NewMoment, ама некој бе вака цел прес рилис во пост, не го личи, си можел малку да го потскастриш :)

Големата слика рече...

Помислив, ама ќе ми се налутеше колешката што го пишуваше соопштението... Ич не сака кога и кратат текстови:)
Сепак, фала на сугестијата и честитките...