четврток, 4 септември 2008 г.

8те репери, името или сопственото однесување... Што попрво?

Да ги исполниме 8те репери, да се договориме со Грците, да си го смениме сопственото однесување ... се ова треба да направиме за влез во ЕУ... владата, народот, јас, ти ... ама што попрво, не е едно...

Еве мал придонес кон последниот сегмент (промена на нашето однесување) реализиран од Младинскиот образовен форум и New Moment...

Решенијата на интересен начин ја иронизираат македонската снаодливост околу заобиколувањето на законите, со единствена цел да остане по наше, ама демек да биде правно издржано. Е така во ЕУ не може. Или ќе се научиме да ја почитуваме зебрата и да ја најдеме најблиската корпа, или ќе фарбаме улици и ќе постaвуваме корпи на секој чекор.

И да не заборавиме, сето ова мора да го зачиниме со исполнување на 8те репери на ЕУ и се разбира со компромис за името со Грцине. Што попрво ?

Уживајте:


среда, 3 септември 2008 г.

Македонската креативност е победничка

Од официјалното соопштение на адвертајзинг агенцијата New Moment:

NEW MOMENT ГИ ПОБЕДИ ГИГАНТИТЕ НА

YOUNG & RUBICAM ОД ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА


Со освоени три златни, две сребрени и три бронзени награди, македонската агенција New Moment е апсолутен победник на фестивалот за адвертајзинг “Пиран Идеа”, што се одржа од 27 до 29 август, во Словенија.

Освен видео спотот “Калуѓерки” изработен за клиентот Космофон, кој беше прогласен за најдобра ТВ-реклама на фестивалот, во конкуренција на водечките маркетинг агенции од 18 земји од Централна и Источна Европа, New Moment победи и во категориите најдобар принт и најиновативен нов медиум.



Воедно македонската агенција New Moment е прогласена за најуспешна агенција во Централа и Источна Европа, во рамките на маркетиншката мрежа Young & Rubicam, дел најголемата светска комуникац

иска групација WPP.

-Не постојат многу области во животот, каде мала и сиромашна земја како Македонија, може да ги победи гигантите како Русија, Украина, Чешка, Унгарија, Полска..Само во креативните индустрии, малите земји како нашата, имаат шанса за рамноправен натпревар со богатите и големите. Знам дека ова ќе внесе дополнителен оптимизам и самодоверба кај тимот од нашата агенција-изјави Сашо Пешев, директорот на New Moment.

Во Пиран, New Moment ја освои својата педесетта интернационална награда, со што го потврди статусот на маѓународно најнаградувана агенција во Македонија.



петок, 29 август 2008 г.

Велија за независноста на Македонија

На претходниот пост добив коментар кој избега од темата, но сосема оправдано отвори нова дискусија. Одговорив на барањето на Anonymous со коментар кој сега станува пост:
Anonymous said...

..drugarce... daj komentar za se ona sto se slucuva na A1... od ekstremno "inteligentnite"prilozi na devojkata koja se javuva od Ohrid, ustvari, tetkata koja se javuva od Ohrid, do se ona sto go pravi Velija kako kampanja za 8 septemvri...glej do kaj stigna drzavicevo...torbulinjata da rabotat na nacionalnite cuvstva za nas makedoncite...e bratce, za toa pisi...

Големата слика said...

Девојката - известувач од Охрид нема да ја коментирам, зошто такви ги има милион и би заглавил со ругање новинари ако почнам така ...
А за кампањата на Велија... сосема оправданa и, би рекол, потребнa...
"Торбулињата" се прилично лојални граѓани на оваа држава и не гледам зошто не треба да реализираат кампањи кои ја зајакнуваат вербата во сопствената држава. За орв пат некој се обидува во ТВ спотови да ги прикаже сите успеси на Македонија, од 1991 до денес. Сигурен сум дека за некои не сме ни знаеле. Да, успесите се малку на број, ама ние треба да ги промовираме и да ни служат како примери. А тоа што нив ги промовира Велија, во време кога другите се зафатени со поинакви ТВ спотови, е само околност која е позитивна. Замислете да немаше кој да ни сумира што сме направиле откако сме независни ...


вторник, 19 август 2008 г.

12 лекторски грешки во 5 реченици

Промоција на новата веб страна на Нова Македонија преку линкување до интересна вест објавена тука.

понеделник, 28 јули 2008 г.

Слободни денови за правење деца

Деновиве се актуелни бенефициите кои се утврдија за мајките со трето или четврто дете.
Во потрага по искуства од другите земји, најатрактивна ми се виде бенефицијата на Москва која го воведува 12ти септември како "неработен ден за правење деца".

Кај нас, државата конечно ја аргументираше својата кампања за семејство, реализирана под слоганот "Имај трето дете".


Повеќето потенцијални мајки коментираа дека не планираат да имаат трето дете додека државата не им обезбеди бенефиции. Сега се знае дека секоја мајка што ќе најде работа на три или повеќе вакви мечиња, ќе добие бенефиции.

Еве ги бенефициите:
http://www.sobranie.mk/uploads/dokumenti/Predlog%20na%20Zakon%20izmeni%20i%20dpolnuvanje%20ZSZ%20juli%202008%20sob.doc

Мајката што ќе роди четврто дете, ќе има право на 50 отсто од просечната пензија и да нема доволно пензиски стаж по
навршување на 62 години, предвидуваат измените на Законот за социјалната заштита, усвоени во петокот попладне.
За раѓање второ дете државата ќе исплаќа 30 отсто од просечната плата во траење од девет месеци, а за трето дете - 50 отсто во траење од 10 години. Најмногу ќе добиваат мајките што ќе родат четврто дете - дури 70 отсто од просечната плата, и тоа во наредните 15 години.

четврток, 24 јули 2008 г.

Го заебал новинарот...

Директорот на новата сала "Борис Трајковски" на препаметен начин одговорил на новинарско прашање "Зошто пред салата се вее знаме со сонцето од Вергина?"... да не речам, го заебал новинарот...

Директорот на ДООЕЛ "Борис Трајковски" Борис Змејковски вели дека знамето со сонцето од Вергина се вее пред салата исто како што пред еден автосалон се вее знамето кое е заштитен знак на автомобилите

Да не дознаев дека ваква е логиката уште ќе си мислев дека влечеме корени од Александар Македонски.

среда, 23 јули 2008 г.

Радован

http://www.dragandabic.com/